Доналд Трамп ќе добие улица во Русија

Иако некои луѓе во Америка не се одушевени од новиот претседател, во Русија тоа не е така, откако жителите на градот Риазан се подготвени една улица во градот да го добие неговото име, објави CNN.
Иницијативата Трамп да добие своја улица во Риазан е веќе потпишана од 300 луѓе, изјави за CNN иницијаторот на акцијата Сергеј Бизјукин. Ако планот биде реализиран, улицата Bezboznicka ќе биде преименувана во улица Donald Trump.


Моменталното име на улицата датира од периодот на комунизмот кога се одбивала религијата. Идејата да се смени името, и тоа на начин на кој Бизјукин го предложил, на многумина им изгледала смешна.
„Некои ја потпишаа петицијата бидејќи им делуваше како шега, други пак тоа го сторија затоа што сакаат нормализација на односите меѓу Русија и САД, а на некои едноставно не им се допаѓа сегашното име, рекол Бизјукин.
Самиот иницијатор се надева на подобрување на односите САД-Русија и верува дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ги зајакне врските со Москва, првенствено заради добрите лични односи на двајцата претседатели.
„Тие имаат добри односи. Владимир Владимирович Путин го почитува Доналд Трамп на ист начин на кој тој го почитува него. Трамп е позитивен, добар. Мислам дека ќе бидат пријатели и дека се ќе биде во ред. Тој не сака војна, тој сака да создава пријателства. Што има лошо во тоа?“ изјави Бизјукин за CNN./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display