Холивудски ѕвезди се збогуваа со Обама по неговиот завршен говор

Познати личности од светот на филмот и музиката ги споделија своите проштални пораки за Барак Обама на социјалните мрежи по неговиот последен говор како претседател на САД.


Во вторникот вечерта, 44-от претседателот во историјата на САД, Барак Обама се збогува со функцијата на претседател и врховен командант, во завршниот говор во одбрана на неговото наследство, пишуваат американските таблоиди.

Тој, исто така, ги повика Американците да не губат верба во својата иднина.

Како одговор на тоа, многу познати личности ги искористија социјалните мрежи и медиуми да се збогуваат со претседателот. Некои од нив споделија фотографии и изразија загриженост во врска со неговиот наследник.

„Ве сакам повеќе отколку што има место на Твитер за да опишам”, напиша познатата актерка и презентерка Ellen DeGeneres во вторникот, по говорот на претседателот.

„Веќе плачам. Го сакам мојот претседател,“ напиша Gabrielle Union, a Kerry Washington му порача „Да, ние можеме!“.

Пораки со силна поддшка дојдоа од низа други познати актери: Stephen King, комичарот Patton Oswald, Gina Rodriguez, Sharon Stone, двете споделија заеднички фотографии со него, а Nancy Sinatra – ќерка на легендарниот пејач Frank Sinatra, со големи букви напиша „Мојот претседател.“

Раперот Ne-Yo, канадскиот пејач Drake, Katy Perry, Jeffrey Wright и многу други напишаа срдечни пораки за претседателот во заминување.

спонзориран линк:

(adverts)