СКАНДАЛ ГИ ТРЕСЕ САД: Русите го снимиле Трамп со проститутки и сега го уценуваат?

Наводни компромитирачки информации ќе доминираат на долго одложуваната конференција за медиумите која Доналд Трамп ќе ја одржи во среда навечер.

 

Ова ќе биде првото обраќање до јавноста на новоизбраниот американски претседател по изборната победа, а последните случувања во втор план ќе ги фрлат прашањата на кој начин новиот претседател планира да ги раздвои своите политички и економски интереси.

Медиумите вчера објавија таен извештај на американските разузнавачки податоци за руското влијание на американските претседателски избори, а во нив се и компромитирачките податоци кои за Трамп ги собрале руските разузнавачки служби, јави Јутарњи.

Тие информации, кои не се официјално потврдени, вклучуваат експлицитни детали за активностите на Трамп со проститутки во еден московски хотел кои ги снимала руската тајна служба, со цел потоа да го уценува Трамп, пишува Њујорк Тајмс.

Трамп на својот Твитер тврдењата ги отфрлил како „лажни вести“ и „лов на вештерки“, само неколку часа пред првата конференција за медиуми.

Конференцијата првично беше закажана за 15 декември, но потоа и одложена.

спонзориран линк:
Loading...