Германија го негира тврдењето на Трамп дека им должи на НАТО и САД огромни суми пари

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен во неделата ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија на НАТО и САД им должи „огромни суми пари“ за бебзедноста.

 

„Не постои долго НАТО“, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен и додаде дека би било погрешно да се поврзуваат целите за потрошувачката од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјите членки на одбраната до 2024 само со НАТО.

„Средствата за одбрана се трошат и за мировните мисии на ОН, за европските мисии и за нашата соработка во борбата против тероризмот на Исламската држава“, дополни фон дер Лејен.

Според неа сите сакаат товарот да биде распределен чесно, а за да се случи тоа потребно е да се има „современ безбедносен концепт“ кој вклучува модерен НАТО, но и европски одбранбен сојуз и вложување во Организацијата на обединетите нации.

Ден по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп преку Twitter порача дека Германија „должи огромни суми пари на НАТО и САД, како и дека мора повеќе да плаќа за силната и многу скапата одбрана којашто ја добива!“.

Трамп по критиките дека НАТО е анахрона и застарена организација во текот на изборната кампања, бара од Германија и од другите членки да ги забрзаат напорите за да ги исполнат потребните издвојувања во рамките на колективната одбрана во Алијансата./извор:Макфакс

Loading...