Вучиќ: Можам да одам на Косово и без дозвола, но не сакам да им направам проблем на Србите

Српскиот премиер и кандидат на претседателските избори Александар Вучиќ во неделата изјавил дека во рамките на кампањата сака да го посети Косово и дека тоа може да го направи и без дозвола од властите во Приштина, но смета оти тоа не би имало смисла и не сака на тој начин да предизвика проблеми за Србите кои живеат таму, пренесуваат српските медиуми.

 

Вучиќ рекол дека на Косово може да влезе преку „алтернативни премини“, но потенцирал дека не сака да создаде нмир и проблеми за Србите кои живеат таму. Говорејќи за дијалогот со Приштина, тој рекол дека Белград сака процесот да продолжи, но дека другата страна само бара причини и изговор тоа да не се случи.

Српскиот премиер исто така рекол дека „не разбира зошто косовскиот претседател Хашим Тачи толку инсистира и брза со формирањето на ткн војска“./извор:Макфакс

Loading...