Нунес: Во случајот на наводната руска вмешаност единствено кривично тело е истекувањето на информациите

Челикот на комисијата на американскиот Конгрес ој го истражува наводното руско мешање во американските претседателски избори од ланската 2016 година, републиканецот Девин Нунес, изјави во неделата дека истекувањето на информациите за поранешниот помошник на претседателот Доналд Трамп за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин, е единственото кривично дело коешто е откриено, како и дека се истражува дали имало и други истекувања на доверливи информации.

 

„Единственото злосторство за коешто знаеме дека било сторено е издавањето на нечие име“, изјави Девин Нунес, претседател на постојаниот комитет за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на Конгресот, за американската телевизиски мрежа Fox News.

Американскиот претседател Доналд Трамп е изложен е на нападите дека припадници на неговиот тим имале наводно контакти со руски функционери пред тој да ја преземе должноста, но Нунес рече дека нема докази за заговор меѓу тимот на Трамп и Москва,

Флин во февруари се повлече од позицијата, откако се дозна дека пропуштил да го извести американскиот потпретседател Мајк Пенс, дека имал контакт со рускиот амбасадор во Вашингтон, Андреј Кислјак, во времето додека Трамп не ја преземал претседателската должност.

Потоа Трамп н а4-ти март обвини дека администрацијата на претходниот претседател, демократот Барак Обама го прислушувала во текот на претседателската кампања, но не понуди докази за тоа.

Нунес, претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан и други водечки републиканци изјавија дека тоа не се случило. Нунес за Fox News повтори дека не верува дека Трамп бил прислушуван.

Во понеделник Нунес и Адам Шиф, водечкиот демократски претставник во комитетот за прашања од разузнавањето, ќе водат јавна истрага за наводното русо мешање во американските претседателски избори и на таа седница искази ќе дадат директорите на Федералното биро за истраги (FBI) и на Агенцијата за национална безбедност (NSA).

Официјална Москва во повеќе наврати како апсурдни ги отфрли тврдењата на американската Демократска партија дека хакери под нејзина контрола ги извршиле кибернетичките напади врз нивните компјутерски системи во полза на кампањата на републиканецот Доналд Трамп./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display