Мустафа: Војската ќе се формира само со поддршка од „меѓународните пријатели“

Косовскиот премиер Иса Мустафа во саботата изјавил дека косовската војска може да биде формирана само преку „координација со меѓународните пријатели“, пренесуваат српските медиуми.

 

„Формирањето на војската е возможно само преку координација со САД и НАТО“, рекол Мустафа. Бидејќи косовскиот претседател Хашим Тачи на 7-ми март ја предаде иницијативата за трансформација на косовските Безбедносни сили (БСК) преку закон, а не со измена на Уставот, косовската влада најавила дека е „определена Косово да има своја војска во рамките на уставните решенија и со поддршка и координација со стратешките партнери – САД и НАТО“.

Изјавата на Мустафа доаѓа наспроти досегашните изјави на Тачи дека Косово ќе формира војска без оглед на противењето на САД и НАТО./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...