МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО ЗАТВОР: Висок функционер на вселенската агенција пронајден во локва крв!

Руските истражувачи покренаа истрага за смртта на висок функционер на државната вселенска агенција „Роскосмос“ кој е пронајден мртов со убодни рани во затворска ќелија во Москва, соопштија од таа агенција.

 

Телото на Владимир Јевдокимов, извршен директор на агенцијата која претставува еквивалент на НАСА, е пронајдено во саботата наутро со рани на градите и вратот, пренесоа руските медиуми.

Од канцеларијата на московскиот обвинител покрената е истрага за смртта на високиот функционер.

Јевдокимов бил во притвор од декември, под обвинение дека проневерил 200 милиони рубљи, а пред судија требало да се појави на 30 април.

Во соопштение на „Роскосмос“ се наведува дека компанијата „инсистира да се испитаат сите околности кои довеле до смрт на функционерот, како и да случајот биде истражен до крај“.


Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display