Авионот ја допрел земјата па отскокнал, а потоа избил пожар - сите патници преживеале!

Патнички авион на мала јужносуданска компанија, принудно слетал на аеродром во градот Вау, на северозападот од Судан. Сите 49 патници и членови на екипажот преживеале, според најновите информации.

 

Претходно локални медиуми објавија дека можно е да нема преживеани, но според најновите информации сите патници и членови на екипажот преживеале.

Авионот, според сведоштвата на очевидци, ја допрел земјата, а потоа отскокнал. Пилотот не можел да го контролира леталото, а потоа избил и пожар.

Кога авионот запрел, се отвориле вратите, што му овозможило на пилотот и екипажот да им помогнат на сите патници да излезат од авионот.

Повредените патници се пренесени во локална болница.