Стотина евакуирани Сиријци заглавени во контролен пункт на бунтовниците

Стотина Сријци кои се евакуирани од повеќе опколени градови, денеска се заглавени на контролен пункт под контрола на бунтовниците, каде неколку десетици нивни сограѓани се убиени за време на бомбашки напад минатиот викенд.

 

Евакуацијата на над три илјади луѓе од градовите Фуа и Кафраја, кои се под контрола на владата, започнала вчера, по договор кој предвидува и евакуација на жителите и борците од неколку подрачја под контрола на бунтовниците, кои ги опколија владините сили.

Според податоците на Обединетите нации, 600 илјади Сиријци живеат под опсада, воглавно од сириската војска, но и од бунтовниците или од Исламска држава./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display