Рим побара од Анкара ослободување на притворениот италијански новинар

Министерот за надворешни работи на Италија Анџелина Алфано го повика турскиот колега Мевлут Чавушоглу да побара ослободување на новинарот Габриеле Дел Гранде кои е уапсен во провинцијата Хатај, лоцирана во близина на границата со Сирија, соопшти во петокот весникот Hurriyet.

 

Новинарот, кој е во притвор од 11 април, во знак на протест против ограничување на неговата слобода и човекови права, предупредил дека ќе почне штрајк со глад.

Дипломатски извор изјави дека двајцата министри за надворешни работи разговарале телефонски на оваа тема.

Претходно Рим објави официјално соопштение во кое се посочува дека новинарот на 18 април телефонски успеал да разговара со своите најблиски, но “очигледно тоа не е доволно”./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display