Матис: Празни се заканите на Северна Кореја

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека досегашните изјави од страна на Северна Кореја биле провокативни, но претходно се покажале како празни и дека не би требало да им се верува.

 

„Ако ги земеме во предвид последните изјави на Северна Кореја, сметам дека досега повеќепати сме ги слушнале тие зборови и не се покажале како искрени“ рече Матис.

Северна Кореја упати закана кон САД со „супермоќен превентивен удар“ за кој нагласи дека ќе ги „збрише не само силите на американските империалисти кои вршат инвазија во Јужна Кореја и опкржувањето, туку и американското копно и ќе го претвори во пепел“./извор:Макфакс

Loading...