Грчката полиција сѐ уште не ги фатила смелите крадци од Пиреја

Грчката полиција сѐ уште не ги фатила смелите крадци кои влегоа во банка во Пиреја, а притоа зедоа 8 заложници и ограбија меѓу 40 и 50 сефа.

 

Грабежот што се случи вчера и наликувал на оние од холивудските екранизации ги шокира сите во Грција.

Четворицата маскирани гангстери во четвртокот ограбија филијала на банка во населбата Пиреја во Атина. Акцијата започнала претпладне. Тогаш бандитите упаднале во холот од филијалата.

Двајца од гангстерите зеле петмина вработени и тројца клиенти како заложници. Другите отишле во подрумот, каде со помош на оксиген отвориле околу 40-50 сефа.

Официјални лица успеале да ги вклучат алармните копчиња во 16,49 часот, но крадците успеале да избегаат со богатиот плен. Полицијата сѐ уште не може да ги открие, објавија грчките медиуми. Овој грабеж е копија на оној кој беше извршен во август минатата година../извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display