Децата на Башар ал-Асад учат руски

Децата на сирискиот претседател Башар ал-Асад почнаа да учат руски јазик, објавил амбасадорот на Сирија во Москва.

 

“Одлуката на претседателот Башар ал-Асад да го направи рускиот втор јазик во Сирија е еден од начините сирискиот народ да ја покаже својата благодарност до рускиот народ за неговата поддршка. Многу семејства дури ставија имиња на своите деца по Путин. И, ќе ви кажам: Не е тајна дека децата на претседателот учат руски јазик сега”, изјави сирискиот амбасадор Ријад Хадад во говорот пред Советот на Федерацијата.

Дипломатот додаде дека студии на руски јазик сега се достапни на секој универзитет во Сирија и во училиштата со почеток во седмо одделение.

Loading...