Парични казни за пратениците во Хрватска

Саборот на Хрватска ги изгласа измените на Законот за правата и должностите на пратениците во ова тело со кои тие што нема да присуствуваат на седница ќе бидат парично казнети ,ако немаат оправдано објаснување за отсуството.

 

Измените на законот се предложени од партијата и , како што јави агенцијата Хина, ова ќе биде за првпат пратениците на хрватскиот Сабор да бидат санкционирани на ваков начин за недоаѓање. Практично, одлуката да бидат казнети пратениците си ја донесоа самите.

Поконкретно, пратениците ќе можат да го оправдаат своето отстуство само во случај на болест што ќе ја докажат со лекарско уверение, при смрт во семејството, со покана за на суд и слично.За секое неоправдано отсуство од седниците на парламентот казната ќе биде во висина од една дневница, или околу 170 хрватски куни. Со оглед на тоа дека пленарните седници на Парламентот обично траат три дена во неделата, тоа значи дека пратениците кои ќе отсуствуваат таа недела ќе изгубат 510 куни.

Loading...

JT Fixed Display