ТРАГЕДИЈА: Страотна автобуска несреќа - загинаа 20 деца

Најмалку 20 деца загинаа во автобуска несреќа во Јужна Африка, кога, од непознати причини, минибус кој превезувал деца, најпрво се удрил во камион, по што излетал од патот и се запалил. Децата загинале на лице место. Несреќата се случила во северниот дел од главниот град Преторија.

 

Според првичните информации од медиумите, во возилото се наоѓале деца од основно и средно училиште. Министерот за образование го нарече денешниот немил настан “црн ден“ за земјата. Во тек е истрага за можните причини за несреќата.

Loading...

JT Fixed Display