ТУРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ: Паника на улиците!

Турските власти соопштија дека два земјотреси со магнитуда од 4,9 го погодиле западниот дел од земјата во провинцијата Маниси, пренесоа тамошните медиуми, додавајќи дека граѓаните панично излегле на улиците.

 

Првиот потрес се случил кај градот Селенди после 16 часот, а вториот еден час подоцна со епицентар во градот Сехзаделер.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Агенцијата Доган јавува дека вториот потрес кој бил поплиток, се почувствувал во соседните провинции.

Земјотресите се чести во Турција, каде во разорен потрес 1999 година настрадаа околу 18.000 луѓе.

Loading...