Оливер Ивановиќ е ослободен со кауција, ќе се брани од слобода

На лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ, му е укинат куќниот притвор и сѐ до повторувањето на судењето ќе се брани од слобода.

 

На Ивановиќ, исто така, му е одредена мерка на безбедност со која двапати неделно мора да се јави во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица.

Ивановиќ е во куќен притвор откако Апелациониот суд во Приштина ја поништи првостепената пресуда со која тој беше осуден на девет години затвор за воени злосторства и при тоа беше донесена одлука повторно да му се суди за делото.

Loading...

JT Fixed Display