Претседателот Трамп по прв пат отпатува во странство

Претседателот на САД Доналд Трамп тргнал од воената база во Мериленд, крај Вашингтон, на првото патување во странство откако е избран.

 

Трамп на патувањето тргнал во придружба на својата сопруга Меланија и ќерката Иванка, која е и негов советник.

Тој само за осум дена ќе посети пет земји. Првата станица на турнејата е Саудиска Арабија, а потоа патува за Израел, на палестинска територија, во Ватикан, Брисел, па на Сицилија, каде се одржува самитот Г7.

Трамп патува во време на политичка криза во Вашингтон каде Белата куќа се бори со последиците од отпуштањето на директорот на ФБИ и аферата поради наводните врски со Русија.

Loading...

JT Fixed Display