Атина блокирала соопштение на ЕУ за човекови права во Кина

Грција блокирала соопштение на Европската унија во Советот за безбедност на Обединетите нации за човекови права во Женева, кое ја критикувало состојбата на човековите права во Кина. ЕУ која работи на промовирање на слободата на говорот и укинување на смртната казна во светот, требало да изнесе свое соопштение минатата недела во Советот за безбедност за човекови права во Женева, но тоа не добило поддршка од сите 28 членки.

 

Ова е прв пат ЕУ да не успее да донесе свое соопштение во ова тело на ОН, наведуваат „Амнести интернешенал“ и „Хјуман рајтс воч“. Атина го блокирала соопштението како „неконструктивна критика кон Кина“ и навела дека дијалогот меѓу Брисел и Пекинг надвор од ОН, е подобро решение. Критичарите на ЕУ сметаат дека ова е уште еден доказ дека Брисел губи влијание на глобалната политичка сцена, пренесува Ројтерс.

 

Loading...

JT Fixed Display