Ирачките сили го нападнаа „Стариот град“ во Мосул

Ирачките сили почнаа операција за заземање на Стариот град во Мосул, последниот дистрикт во тој град кој е под контрола на милитантите од Исламска држава, соопшти ирачката војска.

 

Според иформациите, специјалните сили напаѓаат од запад, додека федералната полиција од јужниот фронт. Обединетите нации посочуваат дека околу 100.000 цивили се верува дека се заробени во Стариот град. Им било речено, доколку можат да го напуштат местото.

Според организацијата, околу 230 цивили биле убиени во западен Мосул во последните две недели, некои во воздушни напади и ракетирања, а некои убивани со снајпер додека се обидувале да избегаат. Тие што успеале да побегнат, раскажуваат дека внатре состојбата е очајна, луѓето немаат вода и храна.

 (Макфакс)

Loading...

JT Fixed Display