Партијата на Макрон обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон обезбеди мнозинство во долниот дом на парламентот, покажуваат официјалните резултати кои ги објави француското Министерство за внатрешни работи.

 

Министерството објави податоци според кои досега дефинитивно се утврдени 513 од вкупно 577 места во Националниот парламент. Партијата на Макрон и коалициските партнери освоила 303 места.

На второто место се републиканците, кои освоиле 124 места. н.ц./Макфакс

Loading...

JT Fixed Display