Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент денеска и утре во Брисел ќе се одржи Интерпарламентарна конференција на тема: „ЕУ законодавен процес – од законодавна иницијатива до имплементација и мониторинг”.

 

На конференцијата ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија, во која се наоѓаат пратениците Бетиане Китев, Шпреса Хадри, Илија Димовски и Африм Гаши.

Конференцијата ќе биде во фокусот на ЕУ законодавниот процес, со особен акцент на улогата на парламентарните комисии како алатки за зајакнување на надзорната улога на законодавната власт наспроти извршната власт. Исто така, ќе се разгледуваат најдобрите законодавни практики на Европскиот парламент со цел да најдат своја примена во националните парламенти.

На претстојната Интерпарламентарна конференција се очекува учество на европратеници и членови на различни комисии во рамките на Европскиот парламент, како и учество на претставници од парламентите на земјите на Западен Балкан и Турција, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display