Мари Ле Пен стана пратеник во новиот француски парламент

Претседателката на екстремно десничарската партија Национален фронт, Марин Ле Пен, која пред повеќе од еден месец беше поразена во вториот избори круг на претседателските избори, ќе биде пратеник во новиот парламент по вториот круг од парламентарните избори неделава во Франција.

 

“Соочени со блок која ги застапува интересите на олигархијата, ние сме единствената сила на отпор”, рече Марин Ле Пен по изборите, Нејзиниот противник на претседателските избори, актуелниот претседател на Емануел Maкрон со неговата центристичка партија освоија големо мнозинство во парламентот.

Ле Пен ќе биде пратеник од областа Анен-Бомонт во северниот дел на Франција, а нејзината партија ќе има најмногу до пет члена.

Иако Ле Пен се обиде да се дистанцира од својот татко, основачот на партијата Жан-Мари Ле Пен, нејзините противници во текот на кампањата тврдеја дека таа, сепак, ја следи неговата политиката. Ле Пен е исто така член и на Европскиот парламент./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display