Американците соборија сириски авион

Американската армија собори борбен авион на сириските воздухопловни сили додека тие ги бомбардираа бунтовниците, соопшти денес Пентагон. Ова е првпат, според Пентагон, американските сили да соборат сириски авион.

 

Американските власти претходно изјавија дека ќе ги заштитат т.н. умерени сили на сириската опозиција, но во неделата војската на САД за прв пат во борба во воздух го исполни тоа ветување, според АП.

Преставниците на меѓународната коалиција предводена од САД во Ирак соопшти дека авионот на САД “Ф-18 Супер Хорнет” го собори сирискиот борбен авион “Су-22”, откако тој со останатите ги бомбардираа областите во близина на американските партнерски сили во близина на сирискиот град Табка./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display