Тридневна жалост за 62 жртви од пожарот во Португалија

Португалската влада прогласи тридневна жалост за 62-те жртви на еден од најсмртоносните пожари во историјата на оваа земја.

 

Многу од мртвите ги загубија животите во своите автомобили, додека се обидувале да избегаат од пожарот во регионот Педрогао Гранде, пренесува Би Би Си.Меѓу загинатите се и четири деца. Стотици пожарникари се уште се борат со пожарот на неколку фронта, а од нив веќе се повредени четворица.

Премиерот Антонио Коста пожарот го нарече “најголема трагедија што сме виделе во Португалија во последниве години што се однесува до шумските пожари”. Тој верува дека пожарот бил предизвикан од удар на гром.

Градоначалникот на областа изјави дека ситуацијата е пеколна и незапамтена и дека не можело да се направи повеќе од тоа што е направено да се стави пожарот под контрола и да се спасат луѓето. Но, мештаните се жалат дека биле препуштени сами на себе и дека со саати не виделе пожарникари./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display