Поради пожар евакуирани три хотели

Туристите од три хотели во Тучепи на Макарската ривиера и дел од селаните беа евакуирани во раните утрински часови поради пожарот што избувна во Горњи Тучепи. Околу 200 пожарникари успеаја да ги одбранат хотелите од огнот, јавија хрватските медиуми.

 

“Досега ситуацијата е на задоволително ниво. Имаме само една крак од пожарот во планините и еден во североисточниот дел на Тучепи. Само на северната страна на Макарска моќе да се дојде со човечки сили”, рече командантот на противпожарната бригада Дражен Главина.

Пожарникарите проценија дека ќе биде тешко со гаснењето на пожарот во текот на денот, но дека досега не е повреден никој.

Хрватскиот Автомобилски клуб објави утринава дека поради пожарот е затворен патот Макарска-Вргорац за сите видови на сообраќај, а на главниот пат од Макарска до Тучепи се вози на една лента. Хрватската влада како помош ќе испрати 140 припадници на армијата./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display