Црна Гора вратила 40 тони овошје и зеленчук поради пестициди

Од граничниот премин во Црна Гора, во периодот од 7 јуни до денес е вратено повеќе од 40 тони овошје и зеленчук.

 

Причината е присуството на пестициди врз плодовите, повеќепати над дозволеното.

Управата за безбедност на храна и фитосанитарни работи соопштила дека спречила разнесување на пазарот на 12 небезбедни пратки од разни видови храна – овошје, зеленчук, храна за деца, храна за животни, сокови и зачини./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display