Турските сили стигнаа во Катар на заеднички воени вежби

Турските сили пристигнале во Доха за да учествуваат во заеднички воени вежби со катарските војници, соопшти денеска Министерството за одбрана на Катар, јави АФП.

 

Првите воени вежби се случија вчера во воената база Тарик бин Зијад во Доха, стои во соопштението на Министерството.

Вежбите кои се планирани долго време се дел од заеднички договор со цел зацврстување на одбранбените способности на двете земји, како и зголемување на напорите за борба против вооружени групи и одржување на стабилноста во регионот./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display