Ердоган: Предавниците повторно ќе се обидат, бидете подготвени

Многу непријатели ја очекуваат пропаста на Турција, а ако почнам да ги набројувам, тоа ќе доведе до многу голема криза на меѓународно ниво, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на големиот митинг кој се одржа во Анкара по повод годишнината од обидот за воен удар.

 

„Се вртам кон вас, предавници! Вие со тоа ништо нема да постигнете. Нема да успеете да го раздвоите нашиот народ на делови. Нема да успеете да го купите нашето знаме. Нема да успеете да ни го земе земјиштето. Нема да може да не тргнете од државата. Нема да успеете да ја поставите нашата земја на колена. Нема да успеете да го оковате нашиот народ“, изјави Ердоган.

Во говорот пред своите поддржувачи, турскиот претседател вети и дека ако во парламентот биде поднесено барање за враќање на смртната казна и ако таа биде одобрена, тој ќе го потпише указот за нејзина реализација. Ердоган меѓудругото напомена и дека минатогодишниот обид за државен удар нема да биде последен и побара од жителите на Турција да бидат подготвени доколку се случи такво нешто.

 

Loading...