Јужнокорејски авион во придружба на германски авиони принудно слета на аеродром

Авион на јужнокорејска авио-компанија кој летал кон Швајцарија морал да слета на аеродромот во Штутгарт во придружба на германски воени авиони откако изгубил радио-контакт.

 

Откако „Боинг 777“ безбедно слетал ноќеска, потврдено е дека дошло до проблеми со радио опремата во авионот на летот од Сеул кон Цирих.

Германската новинска агенција ДПА пренесе дека 211 патници на јужнокорејскиот авион преноќиле на аеродромот бидејќи не била можна организација на превоз толку доцна навечер, а немало ни место во блиските хотели.

Патниците рано наутро со автобус заминале за Швајцарија.

Loading...