Тропска бура пустоши низ Виетнам

Најмалку едно лице го загуби животот, а десет се водат за исчезнати кога тропската бура наречена „Бран“ потопила брод кој превезувал јаглен.

 

Тропската бура „Бран“ во понеделникот го зафати Вијетнам, а најтешко се погодени средишните делови на државата. Ветерот, како што објавија спасувачките служби, на моменти достигнувал брзина поголема од 100 километри на час.

Во покраината Нгхе Ан, според Дирекцијата за заштита и спасување, околу 2.700 домови се отсечени од светот.

Властите објавија дека во наредните денови се очекуваат уште пообилни врнежи од дожд.

Тропската бура „Бран“ пред да стигне до Вијетнам ја погоди Јапонија и кинескиот остров Хаиан. н.ц./Макфакс

Loading...