Си Џинпинг на Трамп: Внимавај на зборовите со Пјонгјанг

Кинескиот претседател Си Џинпинг го повика американскиот претседател Доналд Трамп да избегнува “зборови и дела“ кои би ја влошиле ионака напнатата ситуација на Корејскиот полуостров, јави кинеската државна телевизија. Си во телефонски разговор со Трамп, истакнал дека „Кина и САД имаат заеднички интерес во реализиацијата на денуклеаризација на Корејскиот полуостров и одржување на мирот и стабилноста на тоа подрачје“ пренесе АФП, повикувајќи се на кинеската телевизија СиСиТиВи.

 

Според кинесекот претседател, севернокорејското нуклеарно прашање бара мирно решавање и САД како “релевантна страна“, треба да покаже воздржаност. Тој нагласил дека Кина е подготвена да одржува комуникација со САД на база на взаемно почитување во изнаоѓањето на задоволително решение. Двајцата лидери истакнале дека се радуваат на посетата на Трамп на Кина подоцна оваа година.

„Во овој момент кинеско-американските односи се развиваат добро“ изјавил Трамп, нагласувајќи дека тие односи би можеле да бидат и подобри

Како што пренесе кинеската телевизија, Трамп му рекол на Си дека во целост ја разбира улогата на Кина која ја има по прашањето за севернокорејската нуклеарна програма.

Пекинг претходно изрази загриженост поради ексалацијата на “војна на зборови“ меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. Трамп вчера уште повеќе ја засили реториката, предупредувајќи ја Северна Кореја дека „вистински ќе зажали“ ако преземе било каква непријателска акција против САД, а на Твитер порача дека „американската војска е подготвена“.

Кина е традиционално најблизок сојузник на Пјонгјанг, но минатиот викенд гласаше за нови санкции против севернокорејскиот режим на лидерот Ким Јонг Ун.

 

Loading...