„Превентивен“ напад на САД врз Северна Кореја: Во првите часови ќе загинат стотици илјади луѓе, а потоа...

Не постои „победничка ситуација“ доколку САД извршат превентивен напад на Северна Кореја, иако воените американски функционери размислуваат за тоа, пишува Си-Ен-Ен.

 

Како што се наведува, милиони недолжни граѓани би се нашле во размената на оган, без време за евакуација, доколку САД и сојузниците иницираат напад на Пјонгјанг.

- Таквата операција би содржела брз и мултидимензионален напад, а борбата би можеле да ја одлучат првите минути, рекол пензионираниот морнарички капетан Џери Хендрикс.

Тој истакнува дека не е информиран за специфичностите за можниот превентивен напад, но за Си-Ен-Ен рекол дека таа опеација би вклучувала неколку стратегии насочени на неутрализирање на севернокорејските можности - дали би биле на дефанзивна ориентација или на контранапад.

- Спротиставувањето на севернокорејскиот релативно импресивен дефанзивен систем земја-воздух би можело да се направи со стелтови F-22, F-35 и бомбардери B-2, на кои би им се приклучиле јапонски и јужнокорејски ловци F-16 и F-15. Исто така, користењето беспилотни летала би го намалило ризикот од губење пилоти, додава Хендрикс.

Според неговите зборови, САД би можеле да испратат дополнителни летала во регионот во пресрет на нападот, но суштински американската војска може да се потпре на двете големи бази во Јужна Кореја, во Осан и Кунсан.

- Од Гуам Пентагон би можел да подигне бомбардери B-1, B-2 и B-52, а во игра би можеле да бидат вклучени и разурнувачи кои се наоѓаат во Јапонија, а кои се опремени со ракети „томахавк“ и дефанзивни системи кои би можеле да пресретнат севернокорејски ракети, истакнал Хендрикс.

Проблем може да претставуваат последиците од првиот напад.

- Неколку минути по нападот американските авиони и артилеријата би морале да ги координираат своите акции со сојузниците како би уништиле илијадници ракетни фрлачи кои се насочени кон јужнокорејската престолнина Сеул, пишува Си-Ен-Ен.

Експертите наведуваат дека тоа би бил само почеток.

- Не е проблем да се погоди Северна Кореја, проблем е што ќе следи потоа. Вие ја напаѓате Северна Кореја... Па и тие ќе одговорат, а имаат арсенал да го уништат Сеул. Се предвидува дека стотици илјади жители на Јужна Кореја би можеле да умрат во првите часови борба - од артилерија, ракети, проектили со краток домет, а војната би можела да ескалира и до нуклеарно ниво, што би довело до десетици милиони жртви и деструкција на 11-тата најголема економија на свеотт. Со тоа се коцкате - се наведува во текстот на Си-Ен-Ен.

Loading...