Трагедија која ги шокира сите: Камион смачкал „голф“ и убил татко, мајка, бебе, двегодишно дете

Во петокот на германските сообраќајници се случила една од најстрашните несреќи во последно време.

 

На патот помеѓу Наголд и Мотзинген во покраината Баден-Виртемберг, југозападно од Штутгарт, загинало петчлено семејство кое се враќало од излет.

Камион за превоз на отпад натоварен со дури 26 тона ѓубре поради преголемата брзина се превртел и паднал директно на автомобил „голф“ во кој се наоѓале татко (25), мајка (22), нивното штотуку родено бебе старо една недела, двегодишната ќерка и 17-годишната сестра на мајката.

Сите загинале на лице место, од автомобилот останал само куп лим. Возачот на камионот е полесно повреден, но доживеал тежок шок, па завршил во болница.

Глетката на местото на несреќата, на кое стигнале и два хеликоптери, била застрашувачка. Полицајците, пожарникарите, лекарите - сите кои дошле на помош - останале шокирани.

Пожарникарите морале да го сечат лимот на „голфот“ како би дошле до загинатите...

Фото: Билд

Loading...