Страшно невреме со силен дожд и град - улиците станаа бели

Силно невреме попладнево ја погоди Србија, а најголема количина град паднал во Горни Милановац.

 

видео Јутјуб

Српските медиуми пренесуваат дека градот, со големина на зрно грашок, предизикал штета на овошните култури.

Невреме ги зафати и Чачак и Лучани, каде голем дел од улиците се поплавени.

Пороен дожд го зафати и гратчето Гуча, но, според објавите на социјалните мрежи, невремето не ја расипало атмосферата на Собирот на трубачи.

Во Србија до крајот на денот ќе биде нестабилно со локална појава на град, а можно е и невреме во одредени делови од земјата.

Во Белград кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има пороен дожд и грмежи.

 ВИДЕОТО од невремето може да го погледнете со клик тука

Loading...