Словенците позадоволни од состојбата во општеството

Повеќе Словенци се незадоволни од ситуацијата во општеството, од оние што се задоволни, но ситуацијата во однос на лани се подобрила за шест отсто, покажа истражувањето што во понеделник го објави агенцијата за истражување на јавното мислење Валикон.

Повеќе: Словенците позадоволни од состојбата во општеството

Доналд Трамп најави „историско зголемување“ на буџетот на војската

Американскиот претседател Доналд Трамп најави „историско зголемување“ на буџетот на војската за повеќе од девет отсто, без оглед што САД го завршија војувањето во Ирак и Авганистан и сè уште ја имаат најсилната војска во светот.

Повеќе: Доналд Трамп најави „историско зголемување“ на буџетот на војската

Израел ќе урне девет илегално изградени куќи на еврејски доселеници

Израел ќе мора да урне девет куќи на израелски доселеници подигнати илегални на палестинско приватно земјиште на Западниот брег (од реката Јордан), која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година, одлучи во понеделникот Врховниот суд отфрлајќи ја жалбата на доселениците.

 

Повеќе: Израел ќе урне девет илегално изградени куќи на еврејски доселеници

Меккејн смета дека Трамп недоволно го зголемил одбранбениот буџет

Влијателниот републикански сенатор Џон Меккејн смета дека трошоците за одбраната кои го предложи претходно во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп и кои се зголемени на 54 милијарди долари, се сепак премали.

 

Повеќе: Меккејн смета дека Трамп недоволно го зголемил одбранбениот буџет

Имам од Приштина обвинет за регрутирање џихадисти

Имамот на главната џамија на косовскиот главен град Приштина, обвинет е во понеделникот за „тероризам“, бидејќи регрутирал џихадисти за боиштата во Сирија и во Ирак, соопштија судски извори.

Повеќе: Имам од Приштина обвинет за регрутирање џихадисти

Вучиќ: Никој не може да го сопре српското срце да чука за Косово

Србија ни после сето она што и беше направено не е уништена, нити после сето она што и беше одземено не пропадна, нити после толку газење не е понижена, порача во неделата српскиот премиер Александар Вучиќ на манифестацијата на обележувањето на Топличкото востание, пренесуваат српските медиуми.

Повеќе: Вучиќ: Никој не може да го сопре српското срце да чука за Косово

ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ – Регистрирани повеќе земјотреси во Македонија и на Балканот

За време на викендот повеќе земјотреси се регистрирани на Балканот и Европа, а и Македонија не беше исклучок.

Повеќе: ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ – Регистрирани повеќе земјотреси во Македонија и на Балканот

ВИДЕО - 4 мртви во страотна сообраќајка предизвикана од грчки милионер

Во тешката сообраќајна несреќа во којашто загинал и најверојатно ја предизвикал синот на еден од најголемите грчки бизнисмени, кога автомобил „порше“ со голема брзина удри во паркирана „хонда сивик“, загинаа четири лица, од кои едно е тригодишно дете, пренесуваат грчките медиуми.

Повеќе: ВИДЕО - 4 мртви во страотна сообраќајка предизвикана од грчки милионер

Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ

Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ, односно поглавјата 20 и 26, кои се однесуваат на претприемништвото и индустриската политика и културата и образованието, пренесуваат српските медиуми.

Повеќе: Србија отвори две нови поглавја од преговорите со ЕУ

Француски пратеници апелираат Оланд да ја признае палестинската држава

Вкупно 154 пратеници на францускиот парламент ги ставија потписите на отвореното писмо, во кое апелираат претседателот во заминување Франсоа Оланд, официјално да ја признае палестинската територија како држава, пренесува весникот Journal de France.

Повеќе: Француски пратеници апелираат Оланд да ја признае палестинската држава

Страница 4 од 568