Сириската армија зазема уште еден стратешки град

Сириската армија по жестоките борби со милитантите во понеделникот освоила уште еден стратешки важен град Шеик-Маскин во јужната покраина Дера’а, обезбедувајќи го правецот за снабдување од главниот град Дамаск кон југот на земјата, соопштија државната агенција SANA и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Повеќе: Сириската армија зазема уште еден стратешки град

По Флинт, нов скандал со контаминирана вода со олово во САД

Втор скандал заради вода контаминирана со олово избувна на американскиот Среден запад, подрачје што подолго време го потресува аферата со загадена вода во градот Флинт.

Повеќе: По Флинт, нов скандал со контаминирана вода со олово во САД

Сириските мировни преговори одложени за петок

Мировните преговори меѓу владата во Дамаск и сунтиската вооружена опозиција кои требаше да започнат во понеделникот во швајцарска Женева, ќе започнат во петок под покровителство на Обединетите нации, соопшти специјалниот пратеник на светската организација за Сирија, Стефан де Мистура.

Повеќе: Сириските мировни преговори одложени за петок

Бројот на жртвите во снежната бура во САД надмина 40

Најмалку 41 човек го загубил животот во снежната бура којашто изминатиот викенд ги зафати повеќето сојузни држава на американскиот исток, покажуваат последните податоци на локалните власти.

Повеќе: Бројот на жртвите во снежната бура во САД надмина 40

Иранскиот претседател Роухани во Италија, прва официјална посета во Европа

Иранскиот претседател Хасан Роухани допатува во понеделникот во Италија, во првата официјална посета на некоја европска земја, која е посветена во прв ред на економската соработка, во периодот кога по укинувањето на децениските санкции за Иран бројни европски компании се трудат што поскоро да се вратат на пазарот во оваа земја.

Повеќе: Иранскиот претседател Роухани во Италија, прва официјална посета во Европа

Почина Израелката што ја прободеа Палестинци

Почина тешко ранетата 24 годишна Израелка која со нож беше избодена од двајца Палестинци во израелска населба на окупираниот Западен брег, изјави во вторник портпаролката на болницата Хадаш во Ерусалим.

Повеќе: Почина Израелката што ја прободеа Палестинци

Обама смета дека Хилари Клинтон е способна да ги води САД

Американскиот претседател Барак Обама го истакнува „богатото искуство“ на неговата поранешна државна секретарка Хилари Родам Клинтон која учествува во трката за номинација на Демократската партија за негов наследник, една седмица пред почетокот на предизборите во сојузната држава Ајова, каде што битката во демократскиот табор може да биде особено жестока.

Повеќе: Обама смета дека Хилари Клинтон е способна да ги води САД

Пронајдени 13 тела, се трага по потонат брод во Малезија

Малезиските власти започнаа потрага по брод во кој се наоѓале 35 лица, откако полицијата на плажа во јужната држава Јахор пронашла 13 тела, за кои се верува дека припаѓаат на индонезиските државјани.

Повеќе: Пронајдени 13 тела, се трага по потонат брод во Малезија

Премиерот на Малезија добил 681 милион долари на подарок

Малезиското државно обвинителство објави дека 681 милион долари биле уплатени на сметката на нивниот премиер Наџиб Разак, како подарок од саудиското кралско семејство.

Повеќе: Премиерот на Малезија добил 681 милион долари на подарок

Страница 612 од 625