Сандерс пред Клинтон во Мејн, Рубио го победи Трамп во Порторико

Берни Сандерс ја победи Хилари Клинтон на предизборите на Демократската партија во сојузната држава Мејн, додека во трката за партиската номинација на американските претседателски избори на 8-ми ноември меѓу републиканците, Марко Рубио во Порторико го победи Доналд Трамп.

Повеќе: Сандерс пред Клинтон во Мејн, Рубио го победи Трамп во Порторико

Вооружен напаѓач застрела едно лице во фабрика во близина на Сиднеј

Едно лице е убиено, а две се ранети во оружен инцидент во една фабрика во Сиднеј, а по седумчасовната заложничка драма, напаѓачот бил убиен.

Повеќе: Вооружен напаѓач застрела едно лице во фабрика во близина на Сиднеј

Пјонгјанг се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД и Јужна Кореја

Северна Кореја се закани со превентивен напад врз САД и Јужна Кореја доколку биде загрозена нејзината безбедност кои според неа произлегуваат од големите воени маневри кои треба да започнат во понеделникот на овие две земји против Пјонгјанг, објави севернокорејскиот Комитет за одбрана.

Повеќе: Пјонгјанг се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД и Јужна Кореја

Најмалку 18 мигранти се удавија во Егејското море

Најмалку 18 мигранти се удавија во неделата откако потона чамецот кој ги превезуваше во Егејското море во обид да преминат од Турција во Грција, јавија локалните медиуми

Повеќе: Најмалку 18 мигранти се удавија во Егејското море

Ципрас смета дека Европа има „нервен слом“

Грција ќе бара солидарност кон бегалците и праведна распределба на товарот меѓу државите членки на Европската унија на самитот ЕУ-Турција кој ќе се одржи во понеделник, изјави во неделата грчкиот премиер Алексис Ципрас, критикувајќи го воведувањето на построгите контроли на границите кои доведоа до блокирање на бегалците на грчка територија.

Повеќе: Ципрас смета дека Европа има „нервен слом“

Во лифт по 30 дена најден женски леш

Работници во кинескиот град Ксиан, градот познат по статуите на воини од теракота, пронашле во лифт кој бил исклучен 30 дена во периодот на кинеската нова година, леш на жена.

Повеќе: Во лифт по 30 дена најден женски леш

Најмалку 47 убиени во нападот со камион бомба во Ирак

Во нападот со камион бомба во неделата на контролен полициски пункт на приод од градот Хила, јужно од ирачката престолнина Багдад, убиени се 47 луѓе, соопштија полициски и медицински извори.

Повеќе: Најмалку 47 убиени во нападот со камион бомба во Ирак

Странските борци во Сирија ја напуштаат IS

Најмалку 80 странски борци на екстремната сунитска групација Исламска држава (IS), пребегнале од територијата која е под контрола на џихадистите во сириската провинција Деир-ез-Зор.

Повеќе: Странските борци во Сирија ја напуштаат IS

Страница 626 од 706