Оваа новина на Фејсбук би можела да им донесе заработувачка на корисниците!

Компанијата Фејсбук планира да оствари дополнителна заработка со вклучување на реклами во видео содржините.

 

Корисниците на Фејсбук секој ден гледаат 100 милиони часа видео содржина, а на оваа социјална мрежа во рамки на видео-снимките во иднина ќе гледаат и реклами.

Компанијата планира воведување нов формат кој на огласувачите ќе им овозможи да вметнат реклами во видео снимките кои корисниците ги гледаат најмалку 20 секунди.

Според информациите, нема да бидат воведени реклами кои почнуваат пред да започне видеото.

Фејсбук засега на огласувачите ќе им дава 55 отсто од заработката, што е ист процент кој го нуди и Јутјуб. Со тоа секој корисник на Фејсбук кој ќе постави видео ќе може и да заработи одредена сума, во зависност од тоа колку е гледано тоа видео.

Тестирањето на оваа опција би требало да започне наскоро.

спонзориран линк:
Loading...