ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ФЕЈСБУК: Милијарди корисници добиваат нов Месинџер!

Корисниците на Фејсбук веќе навикнаа на секојдневните промени со кои се настојува да се подобри корисничкото искуство, а овие денови инжинерите од компанијата претставиле голема промена во апликацијата Месинџер.

 

Имено, отсега Месинџерот ќе се фокусира на својата основна цел, а тоа е пишување и испраќање пораки, откако претходно во него беа додавани повеќе опции, од игри до видео приказни.

Тоа дополнително го привлече вниманието на корисниците, поради што од Фејсбук одлучиле да го поедностават интерфејсот на апликацијата.

Новиот почетен екран на Месинџер е дизајниран со цел на корисниците да им биде почетна точка за комуникација со сите битни луѓе и работи кои ги следат. Секако, тука ќе бидат и сите поранешни опции.

Најавено е дека новата надоградба ќе биде достапна за iOS и Android оваа недела во цел свет.

Loading...