Што се случува во вашиот организам кога ќе ги оставите цигарите?!

Ако размислувате да ги оставите цигарите, ќе ви дадеме 8 добри причини поради кои би требало тоа да го направите.

 

Дознајте што се случува во вашиот организам по одредено време откако ќе ги оставите цигарите.

По 20 минути: Се намалува бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок.

По 12 часа: Нивото на јаглерод моноксид во крвта паѓа на нормала.

По 2 до 12 недели: Се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови.

По 1 до 9 месеци: Се намалува кашлањето и недостатокот на воздух.

По 1 година: Ризикот од срцеви заболувања е помал за половина отколку кај пушачите.

По 5 години: Ризикот за мозочен удар е намален.

По 10 години: Ризикот од рак на бели дробови е за половина помал отколку кај пушачите, се намалува и ризикот за рак на устата, грлото...

По 15 години: Ризикот од болести е ист како и кај лицата кои никогаш не запалиле цигара.

Loading...