Заморот ве тера да јадете масна храна!

Уморните лица се склони кон конзумација на храна со многу масти, утврдиле истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Амстердам.

 

Утврдено е дека лицата кои не спијат доволно секојдневно внесуваат просечно 385 калории повеќе од лицата чиј сон е во склад со препораките на експертите.

Во нивната анализа се користени податоци собрани во текот на 11 студии спроведени врз 172 испитаници.

Освен што внесуваат повеќе масти, лицата на кои им фали сон конзумираат и помалку протеини, објави "European Journal of Clinical Nutrition".

Loading...